Мерал Саиди е дипломиран педагог и директорка на приватна градинка „Алија“ во Тетово. Градинката „Алија“ работи по светски стандарди за правилен раст и развој на децата. Главна цел за нејзино основање е да се создаде пример за правилна предучилишна едукација на децата во социјална и педагошка смисла.
„Љубовта кон децата и желбата за работа со нив беше основниот мотив за отварање на приватна градинка. Најголема желба при создавањето на градинката ми беше да се создаде пријатно место во кое децата со задоволство ќе дојдат и ќе уживаат во секој миг поминат во него- вели Саиди.
Децата најбрзо учат во природна средина каде што се со своите врсници, така што во редовните предучилишни установи треба да им се обезбеди воспитание и образование. Нашата градинка нуди еднакви можности, како и целосна флексибилност во задоволувањето на специфичните потреби на сите деца, начинот на работа го приспособуваме на секое дете, а за оние што имаат тешкотии во развојот имаме обезбедено и дополнителна помош.
Во нашата установа, се користат едукативни играчки кои ја поттикнуваат фантазијата и креативноста кај децата, доминираат природните материјали на играчките, како што се дрвото, волната, свилата, восокот, растителните бои, како и материјали од кои децата сами (со помош на воспитувачкиот кадар) дизајнираат играчки ги според сопствените замисли и желби.
Играта во природа е составен дел од секојдневјето на децата. Практично, е задолжителна секојдневно. Пешачењето, спортот, играта, рекреацијата се само мал дел кој им помага на децата да ги развијат своите способности за учење и поттикнување на креативноста. Скокањето и трчањето се клучен елемент за здрав и правилен физички и психички развој кај децата. Друштвените игри кај нас се составен дел од едукацијата. Успешно го будиме чувството за самостојност кај децата, чувството за адаптација во природата како и чувството за чување и негување на истата.
Работното време е двосменско, адаптирано според потребите на родителите и децата, односно од 7:30 do 12:00 или од 12:00 до16:30 часот.
Стручниот кадар во градинката е со искуство во работење со деца кои се на предучилишна возраст. Во склоп на градинката има можност за ангажирање на дефектолог (за потребите на децата со посебни потреби или со пречки во развојот кои се подеднакво прифатени, чувани, сакани и добредојдени во овие градинки).