• Project Gallery

Анџелика Колева е самостоен уметник, препознатлива како урбана, софистицирана и уметнички автентична личност која уметноста ја дише преку своето постоење, делување, творење…
Дека оваа жена уметник има што да му понуди на овој свет потврдува нејзината уметност за која сама ќе рече дека е помалку чудна и несекојдневна и дека токму тоа е она што ги интригира луѓето да ги погледнат и сакаат нејзините дела.
Таа разлева бои на разни материјали, платна, грамофонски плочи, стакло, керамика и потоа формите ги обликува со прсти и шпакли. Нејзиниот уметнички порив ја тера од најрана возраст да ја љуби уметноста и да ја изразува својата креативност преку сликањето и боењето на платна и ѕидови, па се до креирањето и шиењето на парчиња облека.
Многуте уметнички дела ги селектира и ги изложува на самостојни изложби со кои успешно умее да го сврти вниманието на уметничката јавност во Р.С. Македонија. Нејзината последна изложба беше насловена како „Танцувајќи низ емоциите“ и на неа беа претставени 40 уметнички дела на платно и на грамофонски плочи кои се изработени од акрилни и маслени бои. Изборот да работи на грамофински плочи произлегува од нејзината љубов да работи со раритети и на нив работи веќе 32 години. Таа вели тие се нејзин заштитен знак и таа успева преку уметноста да ги оживее и да ги претвори во уметничко дело.
Приказната на Анџелика продолжува танцувајќи низ емоциите преку сликањето…