НАРАЧКИ ПО ТЕЛЕФОН И Е- ПОШТА

Ако немате доволно време Вашата нарачка да ја направите преку нашата интернет продавница, ние Ви даваме можност истата да ја направите преку нашиот телефонски број 075 421 174 или преку е-пошта на info@womenpoweron.mk и истовремено (без да ги контактирате нашите оператори) можете да ја контактирате секоја жена претприемач, поединечно, на оставените контакти на секоја поединечна продавница (адреса на е-пошта и контакт телефон)

ТЕЛЕФОНСКИТЕ ОПЕРАТОРИ се достапни во периодот од Понеделник до Петок од 8:30 – 16:30 часот.

За време на викенди и празници нарачките се овозможени само преку нашата интернет-страница, со што телефонскиот број не е во функција.

НАРАЧКА НА ПРОИЗВОДИ

1.Доколку се одлучите да ги контактирате нашите оператори, тие ќе Ви помогнат во процесот на регистрација, користењето и функционалноста на интернет продажбата, во пребарувањето на артиклите, како и во изборот на последните чекори при купувањето.
Ако се одлучите Вашата нарачка да ја спроведете преку нашите оператори, телефонски или преку е-пошта, потребно е да ни оставите информации за:

  • примател
  • адреса за испорака 
  • телефонски број за контакт

Ние ќе Ви испратиме понуда со уплатница или ќе ви ја испорачаме пратката на дадената адреса, со можноста за плаќање при самата испорака (во готово).

2.Доколку се одлучите директно да ги контактирате жените претприемачи за производот за кој сте заинтересирани, Ве молиме побарајте информација на нивните продавници (таб на насловната страница ПРЕТПРИЕМАЧИ, подкатегорија ЛИСТА НА ПРОДАВНИЦИ и ЛИСТА ПРЕТПРИЕМАЧИ. Адресите на е-пошта и телефонските броеви за контакт се оставени на секоја продавница, од секоја жена поединечно.

Во директната комуникација со жените претприемчи треба исто да ги оставите вашите податоци за нарачката и за посакуваниот производ.

  • примател
  • адреса за испорака 
  • телефонски број за контакт

За нарачките кои се изработуваат по мерка, Ве молиме остварете директна комуникација со жената претприемач, за да ги договорите деталите за моделот, димензиите и времето на изработка и времето на испорака на посакуваниот производ.
Заради комплексноста на проектот голем број на поединечни продавници (жени претприемачи) кои вршат директна испорака кон крајниот купувач, плаќања со кредитна картичка, во моментов, не се возможни.

 НАРАЧКА НА УСЛУГИ

За услугите кои ги нудат жените претприемачи (категорија УСЛУГИ), Ве молиме, контактирајте ги директно жените претприемачи, за детално договарање на посакуваната услуга

Телефонските контакти (адреса на е-пошта и телефонски број) се наоѓа на секоја страница на секоја жена, поединечно.

Доколку Ви е потребна дополнителна информација за УСЛУГИТЕ кои ги нудат жените, а не можете да се снајдете на нашата е- продавница, слободно контактирајте ги нашите оператори.