• Project Gallery

Центарот за забава и рекреација за деца "ХЕПИ КЛУБ" е регистриран како друштво со
ограничена одговорност едно лица (ДООЕЛ). Оснивач и управител на центарот е
Бедија Јакупи од с. Слатино, општина Теарце.
Центарот за забава и рекреација за деца ХЕПИ КЛУБ беше оформен како дел од
иницијативата на Бедија да отвори сосптвен формален бизнис и поддржан од
програмата за Самовработување која се имплементира од страна на УНДП, АВРМ и
АППРМ во 2015 год. Бизнисот беше регистриан во Октомври 2015 год.
Како корисник на програмата Бедија доби и финансиска поддршка од 185.000 ден за
набавка на потребната опрема за понуда на забавни и рекреатвини игри за деца.
Основна дејност на Центарот за забава и рекреација за деца ХЕПИ КЛУБ е понуда
на забавни и рекреативни игри за деца на возраст од 2 – 14 год. од регионот на
општина Теарце и пошироко. Услугит што ги нуди центарот се состојат од: престој на
деца за забава и играње во игротеката, предшколска рекреативна програма,
организирање на ронденденски забави, креативни работилници, оранизирање на
забавви и едукативни филмови за деца и др. За корисниците на услугите во центарот
исто се нудат разни видови на пијалоци .
Седиштето и локацијата на дејствување на центарот ХЕПИ КЛУБ е сместена во село
Tearce, општина Теарце на самиот регионален пат Тетово-Јажинце, во изнајмен под
кирија деловен објект со вкупна површина од околу 200 м 2 . Деловниот објект потполно
ги исполнува инфреструктрните услови за иведување на дејноста центар за забава и
рекреација за деца.