• Project Gallery

Моника Евтимоска веќе 5та  година  се занимава со производство на природна и органска козметика. Отсекогаш била љубител на природната козметика, а барајќи соодветен крем за својата кожа (кој патем никогаш не го пронашла во понудата на конвенционалната козметика) решила да ја искористи својата креативност и да создаде производ кој се покажал дека одлично делува. Моника своите производи започнала да ги користи на својата кожа каде се покажале како делотворни, а подоцна многумина од нејзините пријатели позитивно реагирале ж на производите .Така започува приказната на Моника. Таа вели дека постојано учи и истражува како да го направи најдобриот производ- идеален за нашата кожа. Инспирација црпи од природата бидејќи само таму не постојат граници.