Армине Пилојан Вртеска и Мери Ерицијан

by

Приказната за овие две пријателки од Ерменија , кои живеат во Македонија повеќе од една деценија, е исто толку слатка и вкусна, како чоколадите што ги прават! Едно убаво утро, кафе муабетот ги носи до  одличната идеја за патување од соништата во СВЕТОТ НА ЧОКОЛАДОТО, за отварањето на чудесните врати и влезот во тој неверојатен …

Read more

Кате и Татјана

by

Основачи на козметичката линија „Органска козметика Матка“ се Кате Антевска и Татјана Зивчевска. Идејата за изработка на козметика без вештачки додатоци, козметика која ги соединува природните ресурси на нашата земја и врвните француски масла започна пред две години. Органска козметика Матка е природна козметика направена од пчелин восок собран од најчистите ливадски предели на Матка …

Read more

Ана и Андријана

by

Водени од идејата  да им овозможат на што повеќе луѓе да се хранат пред се здраво, особено во денешно време на пандемија, Ана и Андријана го отвориле својот салата бар – Мелем од вкусови. Начинот на исхрана денес кај многу луѓе е неправилен и многу често штетен за здравјето, оттаму овие жени претприемачки нудат здрава храна …

Read more

Моника Евтимоска

by

Моника Евтимоска веќе 5та  година  се занимава со производство на природна и органска козметика. Отсекогаш била љубител на природната козметика, а барајќи соодветен крем за својата кожа (кој патем никогаш не го пронашла во понудата на конвенционалната козметика) решила да ја искористи својата креативност и да создаде производ кој се покажал дека одлично делува. Моника своите производи …

Read more

Ангела Петрушевска

by

Ангела Петрушевска е успешна претприемачка во компанијата АЗУР-МА, кој е семеен бизнис и во последните 3 години гради препознатлив бренд во регионот. Компанија се занимава со производство на природни сапуни произведени од природни суровини кои содржат мед и козјо млеко. Производството е проширено со сапуни за перење, мелен за рачно и машинско перење и во тврда состојба. Сите суровини кои се користат во …

Read more

Благородна Јосифовска

by

Благородна Јосифовска по потекло е од Кичевско но живее и твори во Охрид. Веќе 20 години се занимава со изработка на етно производи. Благородна е сопственичка на дуќан “Традиционална еко етно куќа” во старата чаршија во Охрид, каде работи заедно со нејзината сестра и мајка која има 88 години. Занаетот го наследила од нејзината мајка и веќе 20 години успешно го работат. Тие работат со производство и трговија на природна органска козметика (на база на мед и прополис), како и рачна изработка на сувенири, накит и македонски ракотворби.  Еден од најбараните козметички препарати кои …

Read more