Суcан Димитриеска е родена во Австралија, но работи и живее во Охрид и е сопственик на ателјето Сусан Сју во центарот на Охрид. Таа работи како самостоен уметник занаетчија, изработувач на накит од полимерна глина. Нејзините дела се уникатни и препознатливи по впечатливиот дизајн и квалитет.
Ателјето Сусан Сју е единствено од ваков вид во Охридскиот регион и успешно егзистира 6 години. Идејата на Суcан е да пренесе оригиналност во своите дела и големиот број на туристи кои го посетуваат Охрид да понесат со себе автентичен спомен.
Во иднина Суcан верува дека ќе ја зголеми својата продажба преку настап на нови регионални и меѓународни пазари.