• Project Gallery

Ели Аиноска е родена во Охрид, по професија е магистер по ликовни уметности. Во 2013 година започнува со изработка на сувенири а од 2016 година е сопственик на продажно ателје “Atelier Aini” во Охрид. 

Инспирирана од магијата и енергијата на дрвото, Ели вешто креира уметност преточена во резби, сувенири и накит. Покрај изложбите за уметнички инсталации и интервенции во простор, постепено преминува кон изработки на мали ракотворби. Во овој сегмент на ракотворби на Ели и се отвора еден нов креативен свет и посебно задоволството во изработка на иститеГолемиот интерес на муштериите дополнително ја поттикнало да продолжи понатаму и да го прошири асортиманот.    

Во ателјето “Atelier Aini” покрај  резбите и иконите, има понуда на разни сувенири, магнети, брошеви, бележници за книги, door-hangers, dream catchers, украсни дрвени кутивчиња, декоратовни маски, илустрирани шолји и тањирчиња,  па се до накит изработен од дрво 

 

Ели Аиноска креира дела со стил, оригиналност и несекојдневност. Сите нејзини дела се впечатливи и секој детал е изработен со посебно внимание.