Слаѓана Котеска е родена во Гостивар и долги години се занимава со угостителство. Таа веќе 13 години успешно го менаџира ресторанот Саjгија од Гостивар кој е семеен бизнис. Ресторанот Саjгија е еден од првите етно ресторани во Гостивар. Покрај етно амбиентот и служење на традиционална македонска храна, ресторанот нуди забава за најмладите во надворешен забавен парк за деца.
Локацијата и капацитетот на ресторанот Саjгија овозможуваат одлични услови за организирање на најразлични веселби и свечености. Ресторанот е познат како реномиран и уникатен ресторан, кој со својот единствен изглед и приказна ги импресионира и оние со највисоки критериуми и барања. Исто така ресторанот Саjгија располага со сопствен паркинг и комплетно покриена тераса.
Искуството и посветеноста , пак, на менаџерскиот тим, дозволува организациски пристап кој е автентичен и прилагоден на секој клиент.
Саjгија нуди и сопствен кетеринг сервис, неодолива храна која е професионално подготвена, декорирана и сервирана за уникатно гурманско доживување.