Салије Демири е жена занаетчија од Тетово која својата љубов и инспирација за сопствениот бизнис ја црпи од нејзиното семејство. Салије Демири се занимава со рачно изработување и везење на ќафтани, фустани, кошули, шалвари, постелнини за свадби и најразлични видови облека за традиционални прослави. Техниката за везење на традиционална облека ја научила од најмала возраст од нејзината мајка која исто била кројач занаетчија и уште од 12 години рачно крои, шие и везе. Нејзини најчести муштерии се традиционалните албански жени кои ја почитуваат традицијата и свечениот момент на стапување во брак сакаат да го одбележат со традиционална албанска облека.
И покрај тоа што живееме во модерно време и имаме современи навики, жените кога се мажат на свадбата носат специјална традиционална облека, вели Салије.
Традицијата на везење со срма и рачната изработка на традиционална женска невестинска облека отсекогаш ги правело препознатливи по заслуга на вештите раце на жените-Албанки, кои од колено на колено ја пренесувале трпеливоста и тајната на рачната изработка.
Салије сега е сопственичка на дуќан во Тетово и успешно создава сопствен бренд кој е еден најбараните во Тетово поради квалитетот и брзината на изработката.