• Project Gallery

Белка Мустафа е сопственичка на бутик во Тетово за традиционална албанска невестинска облека. Таа има 20 годишно искуство во шиење и везење на национална албанска облека, која ја научила од нејзината мајка и баба. Белка Мустафа изработува дублет, кафтани, димии, фустани (свечени и невестински) рачно изработени со златен конец или сошиени на машина. Овие свечени парчиња облека се гламурозни по својата изработка и нудат автентичност на вашиот изглед. Тие можат да се изработат по вкус на секоја жена и секоја мерка. Своите модели Белка ги оплеменува со различни детали кои го надополнуваат изгледот на креацијата. 

Белка Мустафа : Покрај тоа што живеат во модерно време и имаат современи навики, жените-Албанки кога се мажат носат специјална традиционална облека. Традицијата на везење со срма и рачната изработка на традиционална женска невестинска облека отсекогаш ги правело препознатливи по заслуга на вештите раце на жените-Албанки, кои од колено на колено ја пренесувале трпеливоста и тајната на рачната изработка. 

Традицијата е извор за испирација на Белка МустафаТаа има голема почит кон културата и традицијата и верува дека секоја албанска жена треба достоинствено да ги прослави најважните моменти во нејзиниот живот.