• Project Gallery

Ивона Србиноска е сопственик на козметичкиот салон „Ивона“ од Тетово. Салонот „Ивона“ е современ центар за убавина каде што можете да се релаксирате, разубавите и посветите на здрав начин на живот уживајќи во опуштена атмосфера.

Салонот „Ивона“ се наоѓа во близина на старата градинка во Тетово. Тој е современ центар за релаксација, маникир и педикир, надградба на нокти, депилација, шминка и фризерски услуги. Ивона се стреми кон тоа секој нејзин клиент да почувствува дека искрено се грижи за неговите потреби и е целосно посветена на неговата удобност и задоволство.

Студиото Ивона постојано воведува новитети и успеа да воспостави стандарди за стил, креативност и модни трендови.

Сопственото искуство и познавањето на светските норми за квалитет и професионалност, како и следењето на потребите на корисниците на услугите кои се од С.Македонија и од странство, придонесоа за константно проширување на видовите на услуги со цел да се задоволат сите барања на нашите корисници.

Мотото на Ивона е: Секој клиент да биде услужен со посветеност, љубезност и оригинална креативност!