• Project Gallery

Снежана Стефковска е сопственичка на детскиот фризерски и козметички салон „Мали Ѕвездички“ во Скопје. Таа долги години престојувала во САД и оттаму пренела дел од искуствата за грижа на децата. Како мајка на малолетно дете и трагајќи по разни начини да го усреќи своето дете, таа во САД посетила еден фризерски салон специјализиран за деца кој изгледал како од бајка и им пружил несекојдневно искуство и среќа, оттука ќе произлезе и нејзината идеа да отвори сличен салон за деца кој покрај основната намена ќе има за цел да ги развесели децата и потстрижувањето кое најчесто е непосакувано од страна на децата ќе го претвори во забавен момент исполнет со смеа и игра. Нејзините најмлади клиенти се 9 месечни бебиња и за нив салонот нуди посебен третман за да го имаат најубавото прво искуство.

Во поново време покрај децата во услугите на фризерскиот салон уживаат и нивните родители, на овој начин е задоволена комплетната грижа и среќа на целото семејство. Дополнително се организираат и роденденски забави каде девојчињата добиваат пакет на услуги кои вклучуваат: маникир, педикир, свечени фризури и шминка.