Благородна Јосифовска по потекло е од Кичевско но живее и твори во Охрид. Веќе 20 години се занимава со изработка на етно производи. Благородна е сопственичка на дуќан “Традиционална еко етно куќа” во старата чаршија во Охрид, каде работи заедно со нејзината сестра и мајка која има 88 години. Занаетот го наследила од нејзината мајка и веќе 20 години успешно го работат. Тие работат со производство и трговија на природна органска козметика (на база на мед и прополис), како и рачна изработка на сувенири, накит и македонски ракотворби.
Еден од најбараните козметички препарати кои ги изработува Благородна се: капки за ноќна нега на лицето од прополис и крема за псоријаза. Овие производи се барани и порачувани од различни страни на светот.
Пеењето е нејзина голема љубов, а има и издадено ЦД со македонска традиционална музика „Акапела“, единствена во земјава.
Традицијата и почитта кон минатото како извор на инспирација ја обележуваат работата на Благородна .Огромната количина на позитивна енергија ќе ве натера да се вратите повторно.