Андриана Ефкоска е успешна претприемачка, сопственик на студиото за графички дизајн и печатење „Фоксел“. Печатницата „Фоксел“ е семеен бизнис и нуди најразлични услуги за печатење, широк избор на рекламен материјал, како и графички дизајн за целосен корпоративен идентитет.
Наша најголема препорака се големиот број на клиенти, конкурентни цени, брза достава, постојано вложување и инвестиции во квалитетна услуга, комуникација и приближување кон потребите и желбите на клиентите.
Понуда на услуги за печатење:
- дигитално печатење со голем и мал формат,
- печатење на широк формат на повеќе видови материјали. ПВЦ, церада, хартија, меш, перфорирано ПВЦ…
- офсет печатење – печатење во големи тиражи. Брошури, книги, пакувања…
- печатење со сито техника – печатење на текстил, метал, пластика и хартија,
- УВ печатење – печатење на веќе постоечки рекламни материјали.
- Ласерска и ЦНЦ обработка – гравирање и сечење на плочест материјал
Вашиот печатен и промотивен материјал е многу важен сегмент од вашата деловна комуникација, затоа го сфаќаме сериозно, ценејќи ги вашите индивидуални потреби и барања.
.