• Project Gallery

Славица Пауноска е сопственичка на фризерски салон “Цаци” во село Челопек. Салонот е отворен од 2017 година и за кратко време успева да создаде реноме и препознатливост во селото. Клиенти се жени од разни националности, македонките и албанките, кои посветуваат посебно внимание на својот изглед.

Славица: Секоја жена треба на некој начин да е препознатлива по убава, здрава, сјајна и негувана коса. Доброто и квалитетно шишање секогаш го следи обликот и цртите на лицето, квалитетот на косата, олеснување на клиентот при одржување и облик на косата. Степен, рамна, кратка потстижена во машки фазон или асиметрична, се само еден од начините за потстрижување на косата. Шишањето секогаш треба да претставува сплет на модерно, урбано, различно и ефектно обликување на Вашата коса.
Професионално обликување на косата во комбинација со нијансирањето на коса е полн погодок за оние што сакаат да имаат разиграност од бои во косата и да бидат секогаш со уникатен и претпознатлив стил.

Изборот на посветли и посвежи бои е секогаш погоден за во летниот период додека нијансите на чоколадо, мед или кафе се секогаш погодни за во есен или поладните периоди. Со текот на времето боењето коса се повеќе се преобразува во еден процес со додаток на уметнички акцент во кој што играат голема улога умешноста и креативноста на стилистот.
Славица во своите услуги нуди професионална шминка. Шминкањето е декоративен третман за лице користејќи различни декоративни средства и производи прилагодени на типот на вашата кожа, користејќи прибор за шминкање. Професионалната шминка овозможува вашето лице да изгледа помладо, попривлечно и посвежо.

Се разбира дека за таков воодушевувачки ефект потребно е многу труд, време и професионална нега, затоа дојдете во салонот “ЦАЦИ“ и дозволете ние да се грижиме за вашата надворешна нега и убавина.