Лидија Колега Коњарец е креативец, артисан, која слика на стакло, порцелан, текстил и свила. Лидија работи техника на декупаж на разни предмети од дрво, стакло, порцелан и картон.
Низ својот уметнички развој, таа има експериментирано и со изработка на накит. Нејзиното креативно име е Farfalla или пеперутка.
Лидија нејзиниот уметнички дух го пресликува на чаши за вино, вазни, шолји за кафе и слично.