• Project Gallery

Основачи на козметичката линија „Органска козметика Матка“ се Кате Антевска и Татјана Зивчевска. Идејата за изработка на козметика без вештачки додатоци, козметика која ги соединува природните ресурси на нашата земја и врвните француски масла започна пред две години. Органска козметика Матка е природна козметика направена од пчелин восок собран од најчистите ливадски предели на Матка во комбинација со вегетални масла и француски есенцијални масла. Нивниот асортиман на производи нуди најразлични видови креми за лице и коса како и сапуни за тело, лице и коса.

Ние израснавме на Матка, и знаеме колку чист и богат природен ресурс е овој регион. Покрај пчелиниот восок тука се и многуте билки како, дивото нане, камилицата, кантарионот и маточината кои ги користиме во подготовка на производите. Од друга страна, есенцијалните масла од француската Прованса и Корзика, како лаванда, мандарина, цитрон, чајно дрво, жераниум, рузмарин и други се одличен спој со локалните ресурси. Природата ни дала се’ , ние само треба тоа да го искористиме”, вели Кате.

Кате и Татјана работат со голема љубов и почит кон природата и среќни се што тоа го препознаваат нивните корисници