Јас сум Елена и опсесивно сум вљубена во моите изработки.
Ќе звучи премногу романтично и драматично но, тврдам со целото мое срце дека секоја моја изработка е направена на фреквенција на радост. Пропратена со музика и детска љубопитност во главата за она што на крај ќе излезе како финален производ. Можеби затоа што ни една не ја повторувам и затоа и самата не знам како ќе изгледа на крај. Сакам да е уникатна и само еден клиент да ја има истата. Засега е така.
Оваа пасија се јави откако ја истагував баба ми. Ми требаше време да си ја изболувам и опростам од неа. Ми се смири умот и срцето и мислам дека се наполни со спокој и љубов. И само тогаш сте “отворени” за креација. Ете така започна ова “патување” кое ѝ го должам Нејзе. Почнав многу неуко и наивно но, нескротливо експериментирав, прашував уметници и мајстори, одев на работилници, купував материјали… Сега ја преферирам mixed media техниката и во последно време се охрабрив да репарирам и големи предмети (стари регали, комоди и сл.)
Ова се моите мали волшепства, што посакувам да ги сакате.