• Project Gallery

Билјана Велјанова, 44 години, уметник по професија( применето сликарство). Успешно се занимава со козметологија од 2000 година.
Мотивирана сум од урбаната потреба за убав изглед на секоја жена. Денес, убавината е
културен феномен. Природната убавина мора да се негува, за да трае, нема втора шанса
за првиот впечаток.
Во мојата професија е важен стилистичкиот пристап. Тоа е холистички пристап, каде
целовитоста на изгледот на една жена е она кое е нашиот таргет.