• Project Gallery
Данче Наумоска е претприемачка која е сопственик на занаетичиски дуќан – Копер Арт од Охрид. Во нејзиното 20 годишно искуство на современи и антички уметнички дела, најчесто работи со бакар, сребро, месинг и позлата.
Почетоците на нејзината професија датираат уште одамна, кога љубовта кон создавањето производи од бакар и е пренесена од татко и во неговата работилница. Вештина ја открила многу лесно кога од секој потег и дружба со бакарот се раѓало ново дело, сосема уникатно и свое. Најмногу ме привлекувале боите што ги менува бакарот при оксидација.
Ова е професија која бара постојаност, трпение, желба, вешти раце и многу љубов за финалниот производ да биде беспрекорно успешен. Атељето е симболично место на себеоткривање и место каде се раѓаат сите прекрасни приказни кои произлегуваат од делото. Изработките се нејзин автопортрет,најголема инспирација за сите убави нешта.
Преку нејзините креации претставува дел од македонското културно наследство, традиционални, религиски и други мотиви по желба на клиентите.
Во нејзиното атеље можат да се најдат копии од златната маска и други пронајдоци, разни икони, охридски мотиви, апстрактни и модерни уметнички дела, комбинација на дрво со бакар и уникатни парчиња накит.