Се се може кога се сака и за тие што се желни за нови знаења и традиционални занаети. Таков пример за посветеност е Вјолца Печи .
Рачно плетени миленциња изработени од свилен конец во различни варијанти, ,декоративни и модерни, изработени од свила, декорирани со конец и светкави каменчиња. Ташни плетени со традиционални орнаменти, изработени од вештите раце на Вјолца.
Со посебно задоволство ги изработува украсните декорации за домаќинство а истовремено е посветена и на декоративните и модерни ташни.
Со нејзината работа таа овозможува традицијата да се зачува и да се негува.