• Project Gallery

Светлана Димовска е сопственичка на модното студио “Светле & Јуле”. Таа на клиентите од женска популација им нуди дизајн и шиење по мерка. Модното студио изработува свечени фустани, венчаници, стандардни фустани, женски костими, капути и останата женска облека. Услугите што ги нуди модното студио “Светле & Јуле” им овозможуваат на клиентите уникатен дизајн, пристапна цена, квалитетна изработка и професионална услуга. Брендот „Светле и Јуле“ се гради преку стекнување на доверба кај клиентите во професионалноста на нивното работење. Се наоѓа на атрактивна локација во елитната населба Ајдучко маало во Тетово.

Според Светле , стилот кој го носиме зборува многу за секоја личност, затоа важно е да градиме стил кој не отсликува нас и нашата личност.

Нашето мото е “Место каде што вашата облека од соништата станува реалност “