• Project Gallery

Маја Кироска е 36 годишина сопственичка на ателје Кироска. Таа е родена во Тетово и е дипломиран инженер по дизајн на текстил и облека на Технолошкиот факултет во Љубљана. 

Маја е исклучително талентирана и креативна личност, препознатлива по оригиналноста на нејзините креации. Нејзините модели се прикажани на изложби и модни ревии на локално, регионално и меѓународно ниво.  

Маја Кироска изработува венчаници, свечени фустани, уникатни дизајнерски парчиња облека и модни додатоци, но паралелно се занимава со костимографија. Креациите се со висок квалитет на изработка и посебно се внимава при изборот на материјали. Ателје Кироска ги следи светските трендови и секогаш внесува уникатност во секој дизајн и креација. 

Модното ателје на Маја Кироска се наоѓа во Тетово. Покрај локалните клиенти, таа исто така има редовни клиенти и од поширокиот регион а од неодамна почна да извезува дизајнерски парчиња и во Канада