Кадире Медија е родена во село Неготино, Врапчиште, таа е професор и магистар по економски науки – оддел финансии, сметководство и ревизија. Кадире има 10-годишно искуство во областа на водење финансии, сметководство и ревизија и моментално е извршен директор на компанијата „Бериса Ком“ во с. Неготино.
Компанијата нуди услуги од областа на сметководствената евиденција, даночни услуги за правни и физички лица, пресметка на плата, контрола на различни активности, регистрација на фирми и сѐ што е потребно за успешно започнување на бизнис, во согласност со законските прописи и стандарди, професионално, одговорно, доверливо. Кадире соработува со мали и средни компании од областа на производствените, трговските и услужните дејности.
Кадире Медијa постојано го надоградува своето знаење и активно учествува на семинари и обуки од областа на финансиското сметководство, финансиите, меѓународните сметководствени стандарди и меѓународните стандарди за финансиско известување, даноците, трговското право, работните односи.
Согласно законот за вршење на сметководствени работи, Кадире Медија се стекна со сите лиценци потребни за вршење на сметководствени работи.