• Project Gallery

После долгогодишно работно искуство Фатмире решава  да  креира нова сопствената  приказна отварајки свој дукан. Нејзината лична желба за   развој и   напредок  ја поттикнуваат да создава  свои дела. 

 

Таа изработува декорации на кутии, предмети за свадба , за кана, изработува бидермаер од вештачки цвеќиња, украсува чаши за свадба со цвеќе и со пердуви. Изработува подароци за сунет, марамчиња за невестата кога игра на свадба ,цвеќиња кои им се даваат на невестата и на свекрвата. 

 

Ќе најдете и сет за свадба за прстените , чаши украсени со бисерчиња и камчиња ,огледало, украсна декорација , бисери ножици, срца од стакло,   ружи од пластика 

 

Материјалите се од пластика , сатен , се користи вештачко цвеќе  , вештачки бисерчиња, украсни камчиња , пердуви… 

 

Ако треба да присуствувате на свадба, сунет , роденден и потребни ви се украсни предмети ,тука сигурно можете да ги најдете. 

 

Вештите раце на Фатмире создаваат интересни креации. 

 

За вашите драгоцени моменти да бидат незаборавни изберете детали кои ќе ја  разубават свеченоста. 

  

 

 Повелете дојдете во ТП РИТА ДЕКОР и посетете ја Фатмире