• Project Gallery

Професионаланата кариера на Тања Трајковска бележи 30-годишно искуство работа во телевизија. Во нејзината долгогодишната телевизиска кариера таа ја негува својата креативност преку подготовка и реализација на бројни ТВ емесии, во кои нејзините гости беа личности од сите општествено-социолошки профили.

Тања: На моите гости, секогаш едно од прашањата кои им ги поставував беше следното:

– Што ако пропадне светот кој го познавате и во кој одлично котирате, живете, заработувате и тоа претставува целиот Ваш свет и живот? Што ќе биде Вашиот план Б? Знаете ли нешто друго да работите?

Токму тоа и ќе и се случи на Тања Трајковска. Според неа постои само еден начин да ја истражите својата креативност, својата животна сила и својот потенцијал. Да ги ставите растурените парчиња од животот, пред себе, на маса и да создадете нов животен мозаик. Така се случи Цветна галерија Сончевина. Тања го започнува овој бизнис во 2017 година. Оттогаш до сега има изработено илјадници букети, украсено безброј свадбени церемонии, разубавено хотели, банки, и од многу домови создадоа пријатно места за живеење украсувајќи ги со прекрасни цвеќиња.

Цветна галерија Сончевина располага, со голем број саксиски растенија. Од големи, високи и бујни саксиски примероци, па се до минијатурни кактуси и сукуленти.

Цветните аранжмани и креации со свежо цвеќе, се нивниот специјалитет на куќата. Во секое време, вршат достава до Вашата адреса, а истовремено сорабoтувајќи, со една од најпознатите цветни платформи во регионов, имаат можност да вршат достава и до речиси сите дестинации во светот.

Доколку не живеете во Македонија, а сакате да испартите цветен аранжман за вашите драги луѓе тука, слободно контактирајте ја цветната галерија Сончевина. Цвеќето ќе стигне до Вашата адреса и ќе им го разубави денот на луѓето кои ги сакате.

Тања: Разубавувајќи им го животот на другите, го разубавувате и својот живот. Цвеќето е секогаш мост помеѓу вашата насмевка и љубов и радоста и љубовта на другиот.

Подарувајте цвеќе.