Маја Андонова Јокиќ со сликарство се занимава интензивно последните 13 години. Слика на стакло, керамика, плута, ламби, но најголема љубов останува платното и моментот кога целокупната белина ќе биде распослана со боите на нејзината душа.
“Уметноста е порив кој дише во мене и најдобро ги изразувам чувствата што вибрираат во мене преку боите на платно. Мојата уметност е инспирирана од случувањата околу мене, природата со севкупната своја убавина што ни се дава, лицата околу мене и ситуациите кои побудиле силни емоции во мене. Сите прекрасни и помалку прекрасни моменти што мене ме поместиле и испровоцирале во овој наш чудесен свет ги изразувам преку моите слики.” – Вели Маја.
Во последните 4 години има остварено 3 самостојни изложби и учествувано на неколку групни изложби во Македонија и Шведска.
Самостојна изложба
Обоена љубов, март 2019 – НУ Центар за култура – Крива Паланка
Обоена љубов февруари 2019 НЛБ Галерија , Скопје
Внатрешно патување мај 2016 , Кинотека на Македонија
Учество на групни изложби:
Паратисима Скопје 2015, Младински културен центар
Паратисима Скопје 2016, Младински културен центар
Донирај уметност 2018, КИЦ Скопје
Изложба “Живот” 2018, Малме; Шведска
Покрај сликите, Maja слика и на мурали. Некои од нејзините мурали може да се видат во Кинотека на Македонија, Млади Хаб, Иззи Кафе – Зебра.