Александра Нaстова е жена креативец, која работи и твори во Скопје. Таа веќе 4 години изработува накит и аксесоари од монистра и жица. Првата идеја ја добива користејќи школки за изработка на сопствен накит, инспирирана од природата продолжува да нижи изработки и да ја збогатува својата колекција. Нејзината желба за креирање на нови дела се зголемува со секој нов ден и таа почнува да ги следи светските трендови на изработка на накит. Подоцна усовршувајќи ги своите дела таа започнува да учествува на саеми и базари каде ги промовира своите креации. Најголем мотив и поддршка се нејзините клиенти кои со задоволство го носат нејзиниот накит и повторно се враќаат кај неа.