• Project Gallery

Ајше Казим е родена во Охрид и 7 години успешно води дуќан за продажба на накит. Бизнисот кој го води е фамилијарен и е од времето на прадедо и кој како занаетчија изработувал бисери, сувенири, бакарни производи и ред други производи. Ајше ја продолжува фамилијарната традиција со воведување на новитети и следење на модните трендови. 

Ајше Казим рачната изработка на накит ја преточува во вистинска уметност. На едно место можат да се најдат единствени примероци на обетки, синџирчиња, нараквици, брошеви, прстени, и друг накит. Нејзините парчиња се уникатни, рачно изработени, впечатливи и неповторливи. 

Според Ајше накитот и дава впечатлив изглед на секоја дама и го обогатува нејзиниот стил. За овој занает вели дека треба да се знаат одредени техникино талентот е пресуден за да се биде најдобар и да се напредува. Има луѓе кои бараат впечаливгламурозен накит, а има други кои сакаат нешто поедноставно и нежно. Ајше е тука со нејзината понуда да го задоволи вкусот и стилот на секоја жена.