Со посебно задоволство ја изработува детската традиционална облека.
Инспирирана од љубовта и разиграноста на децата нејзиниот мотив за работа е уште поголем.
Фериде изработува традиционална облека наменета за девојчиња, изработена од свила во комбинација со тул чипка и монистри.
Неизбежна е традиционалната машка облека наменета за деца составена од елек, појас и панталони.
Традиционани елеци наменети за деца изработени од плиш, укрсени со парички , како и рачно плетената детска облека и фустанчиња, плетени ракавици за деца, традиционален накит изработен од монистри….
А ако сакате да бидете спремни за зима потребно е да имате топли плетени парчиња во вашата гардероба.
Бесценетата вредност на традицијата ја одржува создавајки ги овие традиционални парчиња инспирирана од народното творештво