Љубовта кон филиграните е основната причина да започне сериозно да се занимава со изработка на филиграни од срма. Со многу љубов, трпение и огромна желба за овој занает и уметност се занимава веќе 7 години.
Филигранската изработка од срма е специфичен вид на филигранска уметност претпознатив само за Македонија и слободно може да се каже дека станува збор за вистинска уникатност. За разлика од традиционалниот филигран кој при изработка има сребрени нишки, овде се употребува срмен конец притоа користејќи најразлични мотиви кои произлегуваат од богатата историја, култура и традиција на македонскиот народ.