Ангелина Милановска е млада и успешна жена од Кичево која се занимава со изработка на најразлични производи од глина. Таа потекнува од грнчарско семејство, поради што од мала блиску се има запознаено со техниките на обработка на глината. Ангелина на овој начин ја продолжува традицијата на изработка на грнчарски производи на дедо и и тако и, но на еден поинаков, современ и збогатен начин.
Ангелина во својата колекција на грнчарски производи има висечки орнаменти, украси за дома, магнетчиња кои исто така ги персонализира. Производите таа рачно ги моделира, ги суши, потоа ги пече на висока температура во традиционална фурна за грнчарски производи, потоа ги слика со акрилни сјајни бои. Дополнително, изработува и украсува вазни и саксии изработени на грнчарско тркало.
На своите прекрасни изработки Ангелина успева да пренесе својата ведрина и да разубави многу домови.