Кристина Мауровска е ракотворец чии почетоците во ракотворството датираат од 2010 година. Започната со една игла и клопче волница кои ги нашла во фиоката на баба и. Преку онлајн туторијали за хеклање и кукличање за почетници започнала сама. Се решила да почне со цел да совладува нови вештини, да открива нешто што не знае дека го поседува како креативноста и трпеливоста, а воедно и поради можноста за заработка преку нешто што ужива да го прави.
Артизанството е непресушен извор особено кога имаш богата историја од каде може да се црпат нови и нови инспирации. Основата нејзините производи е конец или жица збогатени со природни и квалитетни материјали како полудраги камења или стаклени монистри. Нејзиниот најпопуларен производ е Ќостек- тоа е ланче изработено со монистра и конец во техника ќостек . Најпозната е по тоа што сама изготвува дизајн за своите ќостеци и најчесто тие се елементи од македонските етно мотиви. Како уметник, омилен материјал за украсување и е природниот Килибар.