Лидија Вујисиќ е родена 1957 година во Скопје, Македонија. Средно уметничко училиште, оддел- графички дизајн, завршила во Ниш 1976 година. До 1980 работи како графички дизајнер во печатницата “Н.Југославија” во Врање. Дипломирала во првата генерација студенти на Факултет за Ликовни Уметности во Скопје, во одделот-графика 1985 год. Работи како моден креатор во Конфекцијата YUMCO до 1986 год. Од 1986 до 2019, професор е во Училиштето за дизајн и ликовна уметност “Лазар Личеноски” во Скопје. Има 15 самостојни изложби, и многу групни изложби во Македонија и странство (С.Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Јапонија, Германија, Австралија, Бугарија, Белгија, Грција, Шведска, Франција, Романија и други). Добитник е на 12 поважни награди, меѓу кои и наградата “Златна Четка” во 2016 година во Скопје.
Лидија Вујсиќ е врвен уметник, а од неодамна и жена-претприемач.
“Vujisic Art” е фамилијарна онлајн галерија, водена од страна на уметникот Лидија Вујисиќ. Создавањето на оваа галерија е последователно на сите успеси во полето на уметноста и уникатноста на фактот што четирите членови на фамилија Вујисиќ се уметници. Лидија, Мирко, Стефан и Марко, секој со свој, изграден дистинктивен стил ја прават сложувалката по име “Vujisic Art”. Токму поради ова, на страната можат да се најдат уметнички дела по сечиј вкус и за сечиј простор.
Најновата серија слики на Лидија е насловена “Цвеќиња”. Во неа е прикажано значењето на цвеќињата и нивната убавината како декор за домот.
Таа изработува и портрети со молив, пастел или маслени бои по нарачка од фотографија.
Сите дела се изложени за продажба на Facebook страната “Vujisic Art” и Инстаграм профилот @vujisic.art.