Царство на децата, со многу авантура, сонување и фантазија. На едно место, сите тие претворени во модерни и урбани катчиња. Тоа се игротеките. Тоа е авантурата која треба да се прифати, за да се доживее поубаво секој сон, секоја фантазија, зошто тука има многу уникатни содржини, многу неоткриени катчиња, многу играчки и креативни нешта. Нешто  несекојдневно, нешто што предизвикува, инспирира и ве поттикнува постојано да се навраќате. Игротеките не се само простор со играчки и место во кое се игра, тие се многу повеќе од тоа, весели детски лица, раширени рачиња, многу прегратки, многу палавковци, цртежи, песни, игри, смеа… Тие се и посакувано  место кое е синоним за дружење, како и за позитивни авантури на големи и мали посетители. Тоа е игротека за големи и мали сонувачи, бидејќи светот на децата е посебен. Тој прави да сакаме да влеземе во него и ние повозрасните и да сонуваме заедно.

Игротеката, дава и друга убавина, со тоа што на еден професионален начин овозможува да се прослави роденден и да се биде во чекор со светските трендови. Да бидат сите на едно место, да се овозможи поголема забава и уживање и за славениците на забавата и за пријателите. Но, воедно и за сите оние кои имаат желба и потреба од други видови забава или едноставно сакаат да овозможат на своето дете да го исполни времето со незаборавни доживувања, инспирирани од убавиот простор и неоткриените нешта во игротеката.

Ова магично место за секое дете, дава можност секое дете да се престојува колку што се сака, колку што ќе биде потребно за да го открие магичниот свет, да се нурне во него и да истражува до бесконечност. Но, задолжително и да открие и научи нешто ново, да нацрта, да испее, да изигра, да сподели.

Да, тоа е волшепството на игротеката, свет неодолив за секое дете.

Време за испишување на поинакви детски приказни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.