• Project Gallery

Павлина Шикалиеска е успешен уметник и изработувач на филиграни. Родена е во Охрид и уште од најмала возраст почнала да изработува филиграни со срмен конец заедно со нејзината мајка. Подоцна љубовта кон оваа техника ја доусовршува и започнува со изработка на филиграни со тенка сребрена жица. Мотивите кои ги изработува од филигранска жица се различни од геометриски фигури до цветови и животни. Секое парче е уникатно, неповторливо, резултат на моментална инспирација. Павлина преку своето трпение, умешност, прецизност, оригиналност вткаени во изработката на филигран со сребро им оддава личен печат на секоја од изработките. Во своите мали ремек-дела вклучува и полускапоцени камења за да добие дополнителна убавина. Инспирацијата ја црпи од богатата македонска култура но исто така вклучува елементи на модерната култура. Во моментот е сопственик и раководи со ателје во центарот на Охрид. 

Павлина Шикалиеска и во иднина ќе продолжи непречено да твори и со тоа да остава свој белег во македонската народна уметност на рачно изработени дела.