• Project Gallery

Даниела Петреска е сопственичка на ателје “Дани Арт” од Охрид. Нејзината професија е цртање на стакло (слики, предмети, стакло на врати и прозори и слично), и изработка на декупаж. Во ателјето „Дани Арт“ се нуди голем избор на резби, икони, производи од дрво, сувенири, букмаркери и накит со целокупната нивна разноликост.  

Со овој занает се занимава години наназад, на почетокот само како хоби преку кој ја изразувала својата креативност, а 2016-та година техниката професионално ја работи. Нејзините производи се изложени на повеќе места низ Охрид, а врши и продажба во други градови со достава. Исто така изработува и по нарачка. Пример за признание на нејзината уметност и големо искуство е комплетното опремување со слики на апартмани во познати хотели и ресторани, како и цртање на вазни за потребите на јавни установи. 

Даниела Петреска е целосно посветена на својата уметност која ја преточува во прекрасни дела. Секој нов производ е уникатен и никогаш не може да биде ист со претходниот, бидејќи се работи за рачна изработка.