• Project Gallery

Благородна Јосифовска по потекло е од Кичевско но живее и твори во Охрид. Веќе 20 години се занимава со изработка на етно производи. Благородна е сопственичка на дуќан “Традиционална еко етно куќа” во старата чаршија во Охридкаде работи заедно со нејзината сестра и мајка која има 88 годиниЗанаетот го наследила од нејзината мајка и веќе 20 години успешно го работатТие работат со производство и трговија на природна органска козметика (на база на мед и прополис), како и рачна изработка на сувениринакит и македонски ракотворби. 

Еден од најбараните козметички препарати кои ги изработува Благородна се: капки за ноќна нега на лицето од прополис и крема за псоријаза. Овие производи се барани и порачувани од различни страни на светот. 

 

Пеењето е нејзина голема љубов, а има и издадено ЦД со македонска традиционална музика Акапелаединствена во земјава. 

 

Традицијата и почитта кон минатото како извор на инспирација ја  обележуваат работата на Благородна .Огромната количина на позитивна енергија ќе ве натера да се вратите повторно.