• Project Gallery

Ангела Петрушевска е успешна претприемачка во компанијата АЗУР-МА, кој е семеен бизнис и во последните 3 години гради препознатлив бренд во регионот. Компанија се занимава со производство на природни сапуни произведени од природни суровини кои содржат мед и козјо млекоПроизводството е проширено со сапуни за перење, мелен за рачно и машинско перење и во тврда состојба. Сите суровини кои се користат во производството се набавени од руралните места во Р.С.Македонија.  

Производството е лоцирано во Полошкиот регион во Р.С.Македонија (Тетово). Нашата компанија постојано инвестира во нова опрема и технологија, и на тој начин успеваме да го усовршиме производството и да достигнеме високи стандарди на работење. Моментално располагаме со солиден производствен капацитет за потребите на македонскиот пазар. Наши клиенти моментално се аптеки и маркети во Р.С.Македонија, а исто така вршиме непосредна продажба до крајните купувачи преку учество на мини продажни саеми, нарачки преку телефон, интернет и сл.  

Во иднина планираме да продолжиме со нови и инвестиции и да го зголемиме асортиманот на производи и да настапиме на повеќе пазари во регионот.