• Project Gallery

Јелена Бакарема е жена уметник која преку везењето ги преточува емоциите во прекрасни уметнички дела. Таа веќе четири години активно се занимава со изработка на најразлични везови изработени од памучни конци. Мотивите се најразлични, но секој од нив дава прекрасно чувство на  топлина и љубов, токму затоа се одлични украси за сечиј дом.  Јелена својата инспирација ја црпи од своето семејство и четирите дечиња кои се непресушен извор на радост, љубов и сила.

Големината на рамките кои се прикажани е 20 х 25 см, но може да се направат по нарачка.