• Project Gallery

Јасмин Ма со уметност и креирање се занимава од нејзини најрани години бодрена од нејзината мајка- уметник. Нејзиниот татко по потекло од Багдад и пренесува дел од ориентот кој се препознава во нејзините творештва.

Има учествувано во повеќе групни изложби во Македонија и Кина, земја која игра голема улога во создавањето на идејата и пронаоѓањето на себеси. Во текот на нејзиниот живот се занимавала со сликање на икони, портрети, сликање свила, декоративни глинени маски и фигури. Целиот процес на надградување сепак го достигнува својот врв на инспирација во кањонот Матка.

Матка е местото каде кај Јасмин се раѓаат нови идеи, инспирирани од нејзината флора, реална и нереална фауна. Последните 6 години живеејќи со семејството во Македонија, оформува мала семејна фарма, каде меѓудругите животни започнале да се грижат и за кози. Оттаму Јасмин доаѓа до идеја да прави сапуни чија главна состојка е козјото млеко.

Студирајќи уметност во Тунис, отсек керамики и истражувајќи го стариот (Сук) пазар прв пат ја интригира и опојува миризбата на етеричните и есенцијалните масла кои сега ги користи во збогатување на нејзините сапуни.

Варијации на мириси, облици, билки, масла и бои, преточени во сапуните кои ја искажуваат својата уникатност се плод на инспирацијата на непресушениот извој на инспирација, нејзината муза- Матка.