• Project Gallery

Јадранка има завршено на факултетот за ликовни уметности  во Скопје, отсек  графика со конзервација и  реставрација.

Од  2008 до денес работи како надворешен соработник конзерватор – реставратор (икони, фрески, слики) на повеќе проекти  при институциите за заштита на културно наследство.

Има добиено конзерваторска лиценца од Министерството за Култура.

Во периодот од нејзиното  дипломирање па до денес има направено една самостојна изложба, повеќе интернационали и групни, како и учествувано на  неколку уменички колонии и академски престои надвор од Македонија.

Ликовниот опус на Јадранка содржи изработка на цртежи, графики, слики, нови икони – копии од старите мајстори (зографи), и од неоднамна има почнато со рачна изработка на накит и сувенири.

Се движиме низ просторот и времето и го напуштаме оставајќи ги делата како вечни белези на нашето постоење, па од таму потекнува и инспирацијата за создавањето на моите дела, накитот и сувенирите.

Природа, човек, егзистенција…

Мотото е да се направи уникатна рачна изработка во време кога почна да преовладува дигитализацијата, кичот и квантитетот. Материјалот на изработка е внимателно одбран: благородни камења, природно крзно, природна кожа, стаклени монисти,стаклени кристали, срмен конец.