• Project Gallery

Маја Андонова Јокиќ со сликарство се занимава интензивно последните 13 години. Слика на стакло, керамика, плута, ламби, но  најголема љубов останува платното и моментот кога целокупната белина ќе биде распослана со боите на нејзината душа.

“Уметноста е порив кој дише во мене и најдобро ги изразувам чувствата што вибрираат во мене преку боите на платно. Мојата уметност е инспирирана од случувањата околу мене, природата со севкупната своја убавина што ни се дава, лицата  околу мене и ситуациите кои побудиле силни емоции во мене. Сите прекрасни и помалку прекрасни моменти  што мене ме поместиле и испровоцирале во овој наш чудесен свет ги изразувам преку моите слики.” – Вели Маја.

Во последните 4 години има остварено 3 самостојни изложби и учествувано на неколку групни изложби во  Македонија и  Шведска.

Самостојна изложба

Обоена љубов, март 2019 – НУ Центар за култура – Крива Паланка

Обоена љубов февруари 2019 НЛБ Галерија , Скопје

Внатрешно патување мај 2016 , Кинотека на Македонија

Учество на групни изложби:

Паратисима Скопје 2015, Младински културен центар

Паратисима Скопје 2016, Младински културен центар

Донирај уметност 2018, КИЦ Скопје

Изложба “Живот” 2018, Малме; Шведска

Покрај сликите, Maja слика и на мурали. Некои од нејзините мурали може да се видат во Кинотека на Македонија, Млади Хаб,  Иззи Кафе – Зебра.