• Project Gallery

Кате Трајковска Стоименова повеќе од 10 години придонесува во негувањето на македонската традиција и културното богатство. Таа поседува своја антикварница – фамилијарен бизнис (хоби) кој се наоѓа во старата Скопска чаршија. Во нејзината антикварница Алкама, може да се најдат традиционални занаетчиски производи, реставрирани оригинални народни носии, традиционален македонски накит,оригинални предмети од крајот на XIX и почеток на XX век, сувенири, ракотворби, сетови за домаќинство ( грниња, котлиња), народни носии, килими, накит, војнички предмети, униформи и опрема од Поранешна Југославија.

Сите изработки се рачно изработени со многу љубов кон македонската традиција, културата и богатството.

И покрај тоа што живееме во современо доба со модерни навики, она што е старо и автентично сепак може да најде место во нашето модерно опкружување.

Овие традиционални изработки имаат непроценлива вредност поради фактот што начинот на нивната изработка се пренесува исклучиво генерациски, од колено на колено.

Ваквите изработки со текот на времето почнуваат да се губат, но со нивно купување и промовирање може да придонесеме за нивно зачувување.