• Project Gallery

Весна Апостолоска е жена сопственичка на трговското претпријатие “Мали нешта” преку чии производи ја преточува својата фантазија и ја дарува во детскиот свет. Инспирирајќи се од детската игра, уникатност и фантазија со своите надарени раце креира најразлични “мали нешта” кои ги разубавуваат детскиот свет. Секоја детска желба или идеја, Весна може да ја направи реалност. Часовници, ламби, закачалки, таблички со пораки се само дел од производите кои ги изработува а кои разубавуваат нечија детска соба.