• Project Gallery

Водени од идејата  да им овозможат на што повеќе луѓе да се хранат пред се здраво, особено во денешно време на пандемија, Ана и Андријана го отвориле својот салата бар – Мелем од вкусови.

Начинот на исхрана денес кај многу луѓе е неправилен и многу често штетен за здравјето, оттаму овие жени претприемачки нудат здрава храна со зеленчуци и овошја од наше поднебје , без да се оптоварува организмот и да му ја даде потребната енергија за во текот на работниот ден.

Ги користат основните продукти користени во секојдневното мени на поинаков и несекојдневен начин, но фаворизираат и продукти кои се користеле во минатото а сега се малку подзаборавени.

За нив како љубители на приородата од голема важност им е да не ја загадуваат околината и затоа се одлучиваат нивните салати и житни оброци бидат во тегла,( која што може да се рециклира или реупотребува ) а воедно вкусот на истите е далеку подобар затоа што самите состојки се врзуваат поубаво. Заедно со секој оброк купувачите добиваат метална вилушка и метална лажичка , повторно да се избегне што повеќе употребата на пластика.

Сите нивни намази кои ги користат за сендвичите се спремани исклучиво од нив.

Приниципот на работа е преку нарачка да секој добие свеж оброк во текот на денот согласно потребите на купувачите.