Дора Попова Узуновски е психолог, гешталт психотерапевт, м-р на клиничка и советодавна психологија. Таа е основач на Центарот за применета психологија “Дора“ од 2015-та година каде активно работи психотерапија и психолошко советување со возрасни, адолесценти и посебно со деца преку терапија низ игра. Работи индивидуална и групна терапија со возразни, како и терапија за парови.
Во слободно време е писател и стравствен читател на психоаналитичка литература. Автор е на две книги, романот „Превртена љубов“ и „Синиот час“. Сепак писателството, не го доживува како втора професија, туку како дополнување на првата. Активна медитација преку која се нурнува тераписки во универзалниот внатрешен свет на луѓето, меѓу кои и својот. Двете книги се во издание на Матица.
Синиот час(содржина): „Синиот час“ е модерна и современа љубовно-психоаналитична приказна во која главни ликови се славната писателка Лола од Њујорк и сурферот Џек од Писмор, Англија. Имено, откако ќе ѝ се остварат сите соништа во животот, младата и славна писателка од Њујорк Лола Карпентер доживува емоционален крах по смртта на своите родители и на сопругот Ед. Тогаш сфаќа дека сите желби што ги остварила биле само проекции и очекувања на нејзините родители од неа. За да се пронајде одново себеси и да го воспостави контактот со својата автентична природа, решава да замине на подолг престој на еден од грчките острови во Јонското Море, со цел да почувствува вистински мир. При тоа, не сака никој да ја препознае. Но само што пристигнува на островот, нејзиниот план тргнува во сосема неочекувана насока откако на една од вечерните забави во хотелот каде што престојува го запознава шармантниот сурфер Џек, кој важи за страстен додворувач и навидум живее лесен и едноставен живот на плажата без никакви грижи. Не можејќи да си одолеат еден на друг, Лола и Џек се впуштаат во авантура за која на крај на ум не им иде каде ќе ги одведе. Нивната луда страст наскоро ќе почне да преминува во љубов за која и двајцата не се вистински подготвени. Тој го разбудува во неа сето она што никој претходно не успеал да го разбуди, а таа му го урива концептот за тоа што е вистинска љубов. Меѓутоа, Џек носи товар од минатото и крие длабока, мрачна тајна која не сака Лола да ја дознае, а таа има незавршена работа со својата стара љубов. Откривањето на тие тајни ја чини цената на нивната љубов и ќе ги стави пред предизвик за чие надминување е потребно вистинско жртвување. Но, кој ќе ја направи жртвата? Од тој миг нивните животи ќе се претворат во вртоглави метежи сѐ до нивната следна, неочекувана средба.
Превртена љубов(содржина): Лорена е 25-годишна студентка по медицина, која решава да замине далеку со само еден мал куфер во посакуваната земја за да побегне од темнината што ја завива насекаде околу неа. Копнежот да ги оствари своите недостижни соништа е единствената надеж што ѝ ветува излез од мракот во кој има доживување дека се наоѓа. Но кога ќе сфати дека нејзиниот копнеж е само една голема лага и дека темнината не е надвор од неа, туку дека ја носи во себе каде и да оди, доживува големо разочарување кое ќе ја натера повторно да се врати назад и да ги преиспита сите свои доживувања од минатото кои оставиле трага врз неа. Онаа темнина на човечкото несвесно која живее во секој од нас и на која малкумина ѝ погледнале во очи. Онаа темнина која по навика го тера човекот да ја повторува својата судбина, а со која тој упорно се бори јалово. Онаа темнина која штом еднаш човекот ја претвори во светлина, станува божествено битие.