ПРОЕКТ ЗА РАЗВОЈ НА МИКРО-ПРЕТПРИЈАТИJA НА ЖЕНИ ВО ПРЕКУГРАНИЧНАТА ОБЛАСТ

ПРОЕКТ ЗА РАЗВОЈ НА МИКРО-ПРЕТПРИЈАТИJA НА ЖЕНИ ВО ПРЕКУГРАНИЧНАТА ОБЛАСТ

Проектот „РАЗВОЈ НА МИКРО – ПРЕТПРИЈАТИЈА НА ЖЕНИ ПРЕТПРИМЕЧИ ВО ПРЕКУГРАНИЧНАТА ОБЛАСТ” се реализира во рамките на „Програмата за прекугранична соработка на Република Северна Македонија – Албанија за 2014 и 2015” и е финансиран од Делегацијата на Европска унија. Проектот е спроведен од страна на Центарот за управување со промени – ЦУП, заедно со партнерските организации Институтот за човекови права, Фондација Егалите и Центарот за компаративни и меѓународни студии од Албанија.
ОПШТА ЦЕЛ на проектот е да се зголеми конкурентноста на жените и да се зајакне женското претприемништво во регионите Полог и Елбасан и да се обезбедат одржливи решенија за развој на микро и мали бизниси на жените во прекуграничната област.

СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ:

1. Да се зголемат личните претприемачки вештини и деловните компетенции на жените вклучени во формални или неформални бизниси.
2. Да се обезбедат услуги за правна поддршка во деловното работење.
3. Да се подобри производството, пристапот до пазарни можности и можности за развој на бизнисот и да се зголеми прекуграничната соработка.
4. Да се подобрат / ревидираат владините мерки и политики за локална и национална поддршка на женското претприемништво.

РЕЗУЛТАТИ НА ПРОЕКТОТ:

Резултат 1. Подобрени вештини и компетенции во управувањето со бизнисот, намалување на ризикот и општи претприемачки ставови и деловни вредности;
Резултат 2. Воспоставени деловни советодавни услуги за жени претприемачи, со цел да се зголемат економските активности и развојот на бизнисот;
Резултат 3. Дисеминирани услуги за правна и економска поддршка и информации за должности, даноци, права и обврски за претприемачи и индивидуални совети за правни и економски прашања;

Резултат 4: Зголемена економска активност во производството, трговијата и продажбата на локални производи како резултат на зголемен дизајн, пакување, прекугранична соработка и/или онлајн продавница и маркетинг;

Резултат 5: Нови политички мерки развиени во заедничката активност на локалните и националните власти за да се искористат предностите на жените во бизнисот.

АКТИВНОСТИ НА ПРОЕКТОТ:

1. Регрутирање и идентификација на потенцијални жени претприемачи
2. Воспоставување деловни советодавни услуги за обезбедување поддршка за унапредување на деловното работење – зголемен обем на производство или услуги, подобрен дизајн, пакување на производи, маркетинг и продажба.
3. Обезбедување служба за правна и економска поддршка – обезбедување информации за законските права и одговорности во деловното работење и правна помош и совети.
4. Организирање директни маркетинг услуги и заеднички активности за е-трговија за продажба на производи на меѓународниот пазар
5. Анализа на развојот на микро-претпријатија кај жените и производство на нови и подобрени мерки на политиката.

ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ (ЦУП) е главен субјект за спроведување на проектот. ЦУП е непрофитна, невладина организација која промовира разбирање и ненасилни промени во општеството.
Организацијата се фокусира на меки мерки и политики кои им помагаат на различни ентитети да ги прифатат промените во општеството како нормални ситуации и да ги претворат во позитивни резултати.
Организацијата верува дека зајакнувањето на капацитетите на јавната администрација, граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, евро – интеграцијата и инвестирањето во луѓето се главни двигатели за промена во општеството.

Нашите ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ се:

  • Јакнење на административните капацитети на јавната администрација
  • Инвестиција и развој во персонал/ луѓе
  • Европска интеграција и регионална соработка
  • Управување со јавни промени и одржување развој
  • Еднакви можности и недискриминација
  • Автоматизација на процеси
  • Соработка со другите правни и физички лица, меѓународни организации, државни тела, институции, невладини организации и приватен сектор за реализација и постигнување на целите на организацијата.
    Центарот за управување со промени (ЦУП) имплементира проекти кои имаат за цел да придонесат за развој на нашето општество и регионот. Имаме неколку години работно искуство со различни државни институции во Македонија и широка соработка со граѓанскиот и бизнис секторот дома и во странство.

Поддржуваме демократија и отворени идеи во различни сектори во општеството. Ги базираме нашите проекти на методот планирај, реализирај, провери и делувај.

ФОНДАЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВО НА ЖЕНИ И МЛАДИ – ЕГАЛИТЕ е непрофитна организација од Полошкиот регион, чија мисија е да го поддржи развојот на претприемништвото, граѓанските иницијативи и јавниот сектор во мобилизирање на извори за рурален развој и зајакнување на маргинализираните групи. ЕГАЛИТЕ има воспоставено стратешка соработка со руралните општини во полошкиот регион во креирање и спроведување на локални политики и програми и има релевантно искуство во развивање и спроведување интервенции за градење на капацитети засновани на потребите за економско оспособување на руралните жени. Во текот на изминатите години, ЕГАЛИТЕ, во партнерство со Проектот за проширување на мали бизниси, ја спроведуваше иницијативата на женските бизниси.

ИНСТИТУТОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА – ИЧП е здружение на граѓани кое постои од 2009-та година. Главен фокус на Институтот се човековите права, односно нивно обезбедување, промовирање, унапредување и заштита преку истражување, анализа, едукација, застапување и други начини на дејствување. Во проектот за развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област, Институтот ги едуцираше жените за правните аспекти на водењето на претпријатијата.

ЦЕНТАРОТ ЗА КОМПАРАТИВНИ И МЕЃУНАРОДНИ СТУДИИ ОД АЛБАНИЈАCCIS се етаблира како граѓанска организација со фокус на регионален и одржлив развој. Работи во партнерство со истражувачки центри и универзитети, млади и локални заедници, граѓански групи и непрофитни организации, како и јавен и приватен сектор. CCIS има добро воспоставена мрежа на партнери во Албанија и во Југоисточна Европа, особено во Србија, Косово и Македонија.
Со својата квалификувана експертиза и реномиран базен на консултанти и одлични перформанси во развојот на проекти, CCIS настојува да биде водечки тинк-тенк во Албанија, работејќи првенствено во следниве области: добро управување, човекови права и безбедност, одржлив развој, млади и социјални иновации. CCIS изготвува документи, истражувачки извештаи; организира конференции, програми за градење капацитети и јавни настани.